Рецепт за највкусниот крем од бадеми
-->
Без оглед на тоа дали ви треба намаз за на парче леб, палачинки, колаче или само нешто вкусно за црпење со лажица од тегла, домашниот бел крем од бадеми е она што треба да го пробате.
Во овој рецепт нема ниту грам шеќер, па нема да имате толкава грижа на совест ако не застанете после првото лажиче.
-->
Потребни состојки:
- 4 лажици запечени во тавче на рингла мелени бадеми
- 100g бело чоколадо
- 100ml слатка павлака
- 90g путер
- 1 лажица мед
- Малку нарендана кора од портокал
Подготовка:
- Слатката павлака ставете ја на рингла и загрејте, па во неа додадете го белото чоколадо.
- Во растопената смеса додајте до насечканиот путер на мали коцки и добро мешајте неколку минути.
- Додајте ги мелените бадеми, а на крај и лажицата мед.
- Промешајте додека не добиете крем. Добиениот намаз ставете го во тегла и добро оладете пред консумирање.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...