Викенд ручек: Солен мусака-ролат со растопен кашкавал
-->
Редените слоеви компир и мелено месо потсетуваат на мусака, но овој рецепт не е никако поврзан со традиционалниот ручек, па може да вметнете промена во оброците.
Викендот искористете го за експериментирање во кујна и пробајде да направите солен ролат од компири, полнет со мелено месо, кремаст фил и многу кашкавал.
-->
За ручек, вечера или мезе со најблиските – сигурно ќе барате парче уште.
Потребни состојки:
- 500g компири, тенко сечкани на кругови
- 250g рендан кашкавал
- 1 кромид
- 250g мелено месо
- 250g доматен сос
- 200g спанаќ
- ½ чешне лук (по желба може и повеќе)
- 250g рикота сирење или густа павлака за филот со спанаќ
Начин на подготовка:
- Наредете малку кашкавал на хартија за печење, одозгора наредете ги компирите и врз нив повторно ставете кашкавал и ставете да се пече 30 минути на 180 степени Целзиусови.
- Запржете го кромидот, па додадете го меленото месо во тавчето. Откако ќе се испржи додадете го доматниот сос, магдоносот и зачините.
- Во друго тавче запржете го спанаќот со лукчето и додадете го во рикотата (или павлаката) и измешајте го додека филот не се соедини.
- Филот од рикота и спанаќ намачкајте го врз компирите, потоа врз филот намачкајте од сосот со мелено месо и на крај врз месото додадете го остатокот од кашкавалот.
- Сролајте ги компирите и направете ролат и ставете го да се пече 10 минути на 180 степени Целзиусови.
М. М. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите
Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос
Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
-->