Брзи чоколадни коцки со кисело млеко

Подготвени за брз, лесен и исклучително вкусен рецепт кој ќе ви ја задоволи потребата за нешто слатко? Овие чоколадни коцки се воздушесто меки, прелиени со вкусно чоколадо кое нема да дозволите да сопрете на едно изедено парче:

Chokoladni-kocki-so-kiselo-mleko-01.jpg

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 100 gr шеќер
  • 120 gr мелени бадеми
  • 50 gr какао
  • 100 gr кокосово брашно
  • 300 ml кисело млеко
  • 100 gr путер
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 100 gr чоколадо
  • 100 ml слатка павлака

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот пенесто додека не добиете светложолта смеса.

Во посебен сад измешајте ги бадемите, какаото, кокосовото брашно и прашокот за печиво. Додадете ги изматениот шеќер и јајцата. Добро промешајте ја смесата и не дозволувајте да останат грутки.

Додадете го растопениот путер и киселото млеко. Полека промешајте ја смесата и истурете ја во калап на којшто претходно сте нанеле хартија за печење. Печете го колачот околу 30 минути на 180֯С.

Загрејте ја слатката павлака и додадете го чоколадото. Мешајте додека не се растопи.

Испечениот колач, малку оладен, преместете го во чинија и прелијте го со чоколадна глазура. Исечете на коцки и уживајте во вкусот.

Chokoladni-kocki-so-kiselo-mleko (4).jpg

Chokoladni-kocki-so-kiselo-mleko (2).jpg

Chokoladni-kocki-so-kiselo-mleko (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg