За почетници во кујна: Најлесните кокосови колачиња
-->
Почетниците во кујна нема да згрешат ако го испробаат овој вкусен десерт, а и љубителите на кокос нема да му одолеат.
Ова се веројатно најлесните колачи од кокос, потопени во чоколадо, кои нема шанси да не ви се погодат.
-->
Кога ви се јаде нешто слатко и вкусно, а не планирате да трошите многу време ов кујна – овој рецепт ќе ве спаси.
Потребни состојки:
- 2 белки од јајце
- 65g шеќер
- 1 лажица екстракт од ванила
- Прстофат сол
- 140g кокос
- 100g темно чоколадо
Начин на подготовка:
- Прво одвојте ги белките од жолчките и ставете ги белките во сад.
- Додадете ја солта, ванилата и шеќерот и измешајте со миксер додека не добиете смеса на шлаг.
- Од смесата извадете топки со големина како за сладолед и поставете ги на хартија за печење.
- Печете 15 минути на 180 степени Целзиусови.
- Стопете го чоколадото и потопете го секое колаче од долната страна во чоколадо, па оставете го на хартија за печење, благо притискајќи.
- Оставете да се излади пред сервирање.
Видео постапка:
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Рецепт за совршени чоколадни колачиња со портокал
Совршен вкус на чоколадо и портокал кој се топи уште од првиот залак...
Соврш...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста
Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чок...
Рецепт за „медени младенчиња“ - посни колачиња за Младенци
За Младенци се месат 40 колачиња од брашно, кои се премачкани со мед и со нив се...
Божиќните медењаци се традиција во мојот дом во Битола: Како се подготвуваат?
Божиќните медењаци се приготвуваат едноставно и брзо, а притоа се вистинска ужи...