Здраво и неодоливо вкусно: Подгответе ризото со пилешко во бел сос
Дефинитивно ни се потребни повеќе лесни и здрави рецепти, особено после богатите празнични трпези и внесот на многу повеќе калории од потребното.
Нашиот предлог е вкусно и здраво ризото со зеленчук и пилешко во бел сос.
Потребни состојки:
- 100 g ориз
- 30 ml масло, препорачуваме Бисер масло за готвење
- 100 gr пиперки
- 50 g моркови
- 100 g кромид
- 300 g пилешко месо
- 100 ml неутрална павлака
- Зачини по желба и вкус
Начин на подготовка:
- Сварете го оризот (соодносот помеѓу водата и оризот треба да биде 3:1). Откако ќе се свари, исцедете го вишокот од течноста, доколку остане.
- Во подлабока тава на масло за готвење (препорачуваме Бисер масло за готвење) ставете го ситно исечканиот зеленчук (кромидот, морковите и пиперкатите) и пропржете го на средна температура, динстувајќи го околу 10 минути.
- Во меѓувреме, исечкајте го пилешкото на ситни коцки и зачинете по желба. Додадете го на зеленчукот и продолжете со пржење, околу 15-20 минути или додека пилешкото не биде зготвено и целосно не порумени. По потреба додадете сосема малку вода, но внимавајте температурата на огнот да биде средна.
- На крајот, додадете го сварениот ориз и неутралната павлака. Измешајте добро и оставете ризотото да „прокрчка“ некоја минута додека целосно не се спојат вкусовите.
- Послужете со свежа салата, по избор.
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...

Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Безглутенска пица со тесто од ориз и пилешко во доматен сос
Направете ја оваа безглутенска пица од ориз со пилешко месо уште викендов, ќе ѝ ...

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
-->
-->