Совршен за појадок, ручек и вечера – солен тарт со богат и префинет вкус
-->
Тарт или киш, сеедно кое име ќе го употребите, верувајте дека овој рецепт ќе ви стане поомилен дури и од стандардната пица која речиси сите ја обожаваме.
Се прави лесно и брзо, а вкусот е исклучително богат и префинет. Совршено ќе се вклопи во секој оброк од денот, како и за брза закуска:
-->
Потребни состојки:
За тестото:
- 250g брашно
- 120g маргарин
- 1 јајце
- 1 лажичка сенф
- Малку црвена мелена пиперка (зачин)
- 1 лажица мелен лен
- 2 лажици ладна вода
- 1 лажица коњак
- прстофат сол
За филот:
- 3 јајца
- 200 ml неутрална павлака за готвење
- 200 g ајдамер или некој друг тип на тврд кашкавал
- 100 ml млеко
- сол
- 1 голема главица црвен кромид
Начин на подготовка:
- Соединете ги сите наведени состојки за тестото и откако ќе добиете еднолична смеса, ставете ја во фрижидерот. Најдобро е тестото да отстои прекуноќ. Немојте да се грижите за вкусот на коњакот, тој ќе испари. Неговата намена е кората да биде крцкава, а сенфот е тука да му даде пикантен вкус на тартот.
- Префрлете го тестото за тартот во калап со кружна форма и избоцкајте го на неколку места со виљушка.
- Печете околу 10 минути во загреана рерна на 200°C.
- Во меѓувреме, изматете ги јајцата, додадете рендан кашкавал и останатите наведени состојки. Истурете ја оваа смеса врз полупеченото тесто и наредете крукчиња црвен кромид.
- Продолжете со печење на 200°C додека тартот добро не порумени.
- Доколку имате желба откако ќе се испече и добро ќе се олади, може врз него да додадете уште малку свеж, зготвен зеленчук по желба, како тиквички, шитаке печурки, пиперки или пак свежи маслинки. Изборот е ваш, но тартот е вкусен и без овие дополнителни додатоци.
-->
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...