Меки и неодоливи: Рецепт за најубавите кифлички од кои ќе барате уште
-->
Предновогодишниот период секогаш ни создава „стрв“ за вкусни, меки и неодоливи кифлички, а ние го пробавме совршениот рецепт.
За деновите кога ќе ви се пријадат меки и топли кифлички, ви нудиме совршен рецепт за кифли од кои нема да може да престанете да јадете.
-->
Ние ги направивме и со сигурност тврдиме дека се едни од најубавите, меки како душа, неодоливо вкусни и одговараат за појадок, мезе и „помини-замини“, а вие пробајте ги па пишете ни.
Потребни состојки:
- 1kg брашно
- 1/2l млеко
- 2 лажички шеќер
- 1 лажица сол
- 1 квасец
- 13 лажици масло за готвење Бисер
- 3 јајца
- 2 пакувања маргарин (1 растопен за премачкување, 1 смрзнат за рендање)
Начин на подготовка:
- Во топло млеко се става квасецот, солта, маслото и 1 лажица брашно. Измешајте добро и оставете 15-тина минути да се поткрене.
- Во сад со преостанатото брашно истурете ја смесата со млекото и квасецот, измешајте и замесете го тестото. Месете колку што е можно подолго време, тестото треба да биде меко и оставете го тестото околу 30 минути.
- Од тестото извадете топчиња од 30-35, зависно од посакуваната големина за кифлите.
- Секое топче се расукува долгнавесто, се премачкува со маргарин, на краевите се прават неколку засеци со нож и се витка.
- Наредете ги кифлите во плех на хартија за печење, премачкајте ги со жолчка, посипете сусам и одозгора изрендајте го смрзнатиот маргарин.
- Ставете да се печат на 180°С околу 20 минути, зависно од рерната (надгледувајте ги).
-->
-->
-->
М. М. | Црнобело / фото: М. М.
Би можело да ве интересира:
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
-->