Викенд ручек: „Цвет торта“ од компири со растопен кашкавал и пршута

Уште еден совршен рецепт за љубителите на ручек со компир – цвет торта од која се растега растопен кашкавал.

vikend-ruchek-cvet-torta-od-kompiri-so-rastopen-kashkaval-i-prshuta-1.jpg

Компирот може да го искомбинирате во огромен број на јадења и да го припремите на 101 начин.  

Овојпат препорачуваме „цвет торта“ од тенки парчиња компир во комбинација со пршута и растопен кашкавал.

Ако постите – ТУКА прочитајте посни рецепти кои мора да ги пробате.

Потребни состојки за рецептот со компир:

  • 12 големи парчиња, дебело исечен кашкавал
  • 10 парчиња пршута
  • 1kg компири
  • Кисели краставички
  • Маслиново масло или зејтин (препорачуваме зејтин Бисер)
  • Сол, бибер и зачини по вкус

Начин на подготовка:

  • Наредете ги парчињата кашкавал на дното на тавата.
  • Исечете ги компирите многу тенки, користејќи ренде со широко сечило.
  • Наредете ги парчињата компир кружно, поставени исправено.
  • Во средината ставете цветче направено од неколку парчиња компир завиткани едно во друго.
  • Измешајте го маслото со сол, бибер и останатите зачини и намачкајте ги компирите одозгора.
  • Помеѓу парчињата компири наредете парчиња пршута.
  • Одозгора ставете уште неколку парченца од преостанатиот кашкавал.
  • Ставете да се пече на 180 степени околу 35 минути.
  • Наосете со сечкани кисели краставички и уживајте.

La raclette en fleur

La raclette en fleur ! La saison de la raclette est enfin arrivée :)

Posted by Chefclub on Monday, September 7, 2020

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Брз викенд ручек за гурмани: Потпечени плескавици со растопен кашкавал Што да подготвите ако дома имате компир, мелено месо и моркови? Може да си напра...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg