Рецепт за палачинки со необична состојка - мајонезот ги прави уште помеки
-->
Можеби ви звучи чудно, но многумина велат дека токму мајонезот е состојка која може да ги направи палачинките уште помеки, а некои дури го користат и како замена за јајца.
Овие палачинки не се солени, може да се јадат со џем, мед и јаткасти плодови или крем – тајната е во тоа што со денови може да останат меки.
-->
Ако не сакате многу благо, изоставете го шеќерот во рецептот, па комбинирајте ги со сирење, кашкавал и разни солени додатоци.
Ви го пренесуваме основниот рецепт за палачинки со мајонез, за кои многумина велат дека се меки со денови откако ќе ги испечете, а вие пробајте ги и пишете ни како испаднале.
Потребни состојки:
- ½ литар топла вода
- 9 супени лажици брашно
- 2 супени лажици мајонес
- 2 јајца
- 2 супени лажици шеќер
- 15g ванилин шеќер
- 2 супени лажици масло
- Малку сол
Подготовка:
- Изматете го мајонезот со јајцата, шеќерот, солта и ванилиниот шеќер. Користете жица или миксер.
- Додадете ја топлата вода и просеаното брашно. Добро измешајте, да нема грутки, па додадете масло.
- Тестото нека отстои 20 минути.
- Подмачкајте го тавчето со масло, но само еднаш, на почетокот на печењето.
- Печете ги палачинките по 1-2 минути од страна. Додека се уште топли, покријте ги со чинија, додека не ги испечете сите.
М. Д. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
-->