„Чоколадна бомба“ за која ви требаат 30 минути, мелени бисквити и топено чоколадо
-->
Добро, потребни ви се уште неколку состојки, но кога ви се јаде нешто пречоколадно, а не ви се печат торти и не ви се матат филови, имаме изненадување во облик на рецепт за брз тарт.
Кората се прави од бисквити, полнењето од топено чоколадо и тоа за помалку од 30 минути.
-->
Топло препорачуваме да го пробате...
Потребни состојки:
Подлога:
- 250g мелени бисквити
- 100g мелени лешници
- 125g стопен путер
- 100g темно чоколадо
- 50ml млеко
Крем:
- 150g млечно чоколадо
- 200g темно чоколадо
- 125g путер
- 250ml слатка павлака
Подготовка:
- Помешајте ги сите состојки за подлогата и распоредете ја смесата во плех со дијаметар од 30 сантиметри. Ставете во фрижидер да се лади.
- За филот, ситно исечкајте ги чоколадите. Загрејте ја слатката павлака со путерот, до точка на вриење. Прелејте ја смесата преку подлогата.
- Оставете да отстои 2-3 минути, па промешајте со жица додека не добиете мазен фил.
- Распоредете го филот по кората, украсете по желба и оставете во фрижидер да се олади неколку часа. Препорачливо е минимум 3.
-->
-->
М. Д. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...