Богата орео торта со карамел од која ќе посакате гриз повеќе

Сочна, вкусна, со раскошен вкус на карамел, ова е торта од која дефинитивно ќе посакате гриз повеќе. Со само 5 состојки и лесно упатство за следење ќе направите магија во кујната:

Bogata-Oreo-torta-so-karamel-01.jpg

Потребни состојки:

  • 36 Орео колачиња
  • 225 g путер
  • 130 g кафеав шеќер
  • 2 пакувања слатка павлака (од по 250 ml)
  • 350 g темно чоколадо со висок процент на какао
  • крупна, морска сол за посипување (по желба)

Начин на подготовка:

  • Орео колачињата ставете ги во блендер и сомелете ги ситно. Префрлете ги во подлабок сад. 
  • Стопете го путерот. Половината од него помешајте го со смесата од кексите. Оваа подлога натапкајте ја на дното со прстите, во кружно тавче (дијаметар 24 или 25 cm) кое претходно сте го подмачкале и сте поставиле хартија за печење. Откако добро ќе ја натапкате смесата, ставете го тавчето 10 минути во замрзнувачот за да се стегне.
  • Во втората половина од преостанатиот путер додадете го кафеавиот шеќер и мешајте на тивок оган. Кога шеќерот ќе се стопи и ќе почнат да се појавуваат меурчиња, мешајте уште една минута.
  • Тргнете го карамелот од огнот и додадете 4 лажици неизматена павлака во смесата со благо мешање.
  • Оладете го карамелот најмалку 15 минути и додадете го врз подлогата. 
  • Вратете во замрзнувач уште 30 минути, но не подолго, бидејќи не сакате смесата целосно да се заледи.
  • Стопете го темното чоколадо на пареа. Во друг сад, загрејте едно пакување слатка павлака на средно висока температура, додека не почне да врие.
  • Потоа помешајте ја со стопената чоколада и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Истурете ја врз сосот од карамел и ставете ја тортата во фрижидер додека целосно не се олади.
  • Пред да ја послужите тортата може да ја посипете со крупна морска сол одозгора, за да го добиете тој совршен слатко-солен вкус.

Bogata-Oreo-torta-so-karamel (2).jpg

Bogata-Oreo-torta-so-karamel (3).jpg

Bogata-Oreo-torta-so-karamel (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg