Омилен викенд појадок: Направете си вкусни, домашни пишии
-->
Есенско утро со традиционален појадок – кавадаречки пишии, во комбинација со сиренце или џем и слатко од овошје – верувајте, нема ништо повкусно.
Многумина би рекле – зошто да правам, кога има мекици да си купам... Но, ништо не е подобро од домашно зготвени пишии по традиционален рецепт.
-->
Оние кои се по потекло од Тиквешијата, сигурно го паметат детството по вкусните пишии на баба и мама, а сега на сите ви нудиме шанса да се пробате во кујна.
Ние си ги направивме и гарантираме дека со сигурност целото семејство ќе ужива во појадокот – вкусни пишии, меки како душа.
Потребни состојки:
- 1kg брашно
- 1 коцка квасец
- 2 мали лажички сол
- 4 мали лажички шеќер
- 2 мали лажички алкохолен оцет
- 100 ml зејтин
- ½ литар вода (по потреба се додава во тестото)
Начин на подготовка:
- Во 100ml млака вода се раствора шеќерот и квасецот.
- Откако квасецот ќе стаса, се додава во брашното, заедно со солта.
- Додадете малку оцет и замесете го тестото во пола литар вода – смесата треба да биде малку помека од онаа за леб.
- Тестото се меси додека не почне да се одвојува од садот, па се остава покриено со крпа да нарасне.
- Откако ќе нарасне, тестото се дели на 15 парчиња (зависи од големината која сакате да бидат пишиите) и се покриваат со крпа.
- Ставете во длабок сад повеќе зејтин и оставете да се загрее.
- Пред пржење, секое топче малку растегнете го со рацете, за да добие посплескана форма, но не претерано сплескана.
- Се пржи додека добијат златеста боја, па се вртат од другата страна.
- Оставете да се исцедат на хартија, па сервирајте.
М. М. | Црнобело / фото: CRNOBELO.com
Би можело да ве интересира:
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
-->
-->