Совршен есенски десерт – сладок колач со тиква, путер и чоколадо, зачинет со цимет
-->
Сезоната на тиквата пристигна. Тоа значи дека имаме можност да го употребиме најздравиот производ во многу варијанти. Една од нив е рецептот кој ви го нудиме за денес – неодоливо слатко лепче со тиква, путер и чоколадо.
Додадете го мирисот на цимет и добивање дом кој мириса на пекарница и десерт кој ќе го снема за неколку минути од чинијата.
-->
Потребни состојки:
- 1 шолја пире од тиква
- ½ шолја стопен путер
- ½ шолја јаворов сируп
- 2 големи јајца
- 2 лажички екстракт од ванила
- 1 + ½ шолји сенаменско брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- ½ лажичка сода бикарбона
- ½ лажица + 1 мала лажичка цимет во прав
- ¼ лажичка мелено морско оревче и исто толку ѓумбир
- ½ лажичка сол
- ½ шолја кршено чоколадо (или чоколаден чипс)
- ½ шолја шеќер
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175°С. Премачкајте правоаголен калап за колачот со путер.
- Во подлабок сад помешајте го пирето од тиква со стопениот путер, јаворовиот сируп, јајцата и екстрактот од ванила.
- Потоа додадете го брашното, прашокот за печиво, сода бикарбона, ½ лажичка цимет, морско оревче и ѓумбир, како и солта и помешајте ја добро смесата. Додадете го и кршеното чоколадо.
- Во друг сад помешајте го шеќерот со останатиот дел од циметот.
- Во калапот за печење истурете половина од смесата за колачот. Наросете од шеќерот со цимет и оставете 2 лажици за крајот. Потоа истурете ја преостанатата смеса и истурете го остатокот од циметот со шеќер.
- Печете 55-65 минути го загреана рерна и проверете со чепкалка дали средината е добро испечена.
- Оставете го колачето да „одмори“ најмалку 30 минути пред да го послужите.
-->
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...