Прелиени топчиња од мелено месо – брза пита за цело семејство
-->
Вкусно, количински доволно за цело семејство, а лесно за подготовка – вака некако звучи идеалниот ручек.
Овие прелиени топчиња од мелено месо ги исполнуваат сите критериуми.
-->
Потребни состојки:
- 400g мелено месо
- 200ml кефир
- 200g брашно
- 1 лажица масло
- ½ лажичка сода бикарбона
- ½ главица кромид
- Сол, бибер
- И неколку кругови домати
Подготовка:
- Зачинете го месото по желба како за ќофтиња и направете топчиња од него.
- Состојките за тестото соединете ги додека не добиете средно густа смеса. Третина од смесата претурете ја во подмачкана тава.
- Врз неа, наредете ги топчињата месо, па прелијте ја останатата смеса.
- Печете 10-тина минути, извадете ја тавата и наредете ги круговите домати.
- Продолжете да печете уште 15-20 минути на 180 степени.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer
Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости
Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...