Здраво и слатко – брз чоколаден колач со бадемово брашно

Доколку внимавате на своето здравје или пак на внесот на калории на дневна база, ова чоколадно колаче е вистинскиот избор за вас. Содржи висок процент на какао бидејќи треба да употребите квалитетно, црно чоколадо, а смесата се состои главно од бадемово брашно.

Brz-cokoladen-kolac-so-bademovo-brasno-01.jpg

Ќе го направите лесно и брзо, без да извалкате премногу садови во кујната.

Потребни состојки:

  • 170 gr темно чоколадо со висок процент на какао (најмалку 70%)
  • 115 gr путер
  • 2 лажички екстракт од рум
  • Прстофат сол
  • 4 јајца
  • 75 gr бадемово брашно
  • 15 gr бело брашно

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180°С.
  • Стопете го чоколадото на пареа. Во истиот сад додадете го путерот, малку омекнат и исечкан на коцки.
  • Потоа додадете го румот и солта и измешајте со миксер или рачна маталка.
  • Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките одделно во посебен сад додека не добиете бел, пенест крем. Додавајте ги жолчките една по една во првичната смеса и добро матете.
  • Додадете го брашното од бадеми и обичното брашно и промешајте.
  • На крајот додадете ги изматените белки и нежно измешајте ја смесата. Префрлете ја во кружен калап за торта којшто сте го намрсиле претходно со малку путер.
  • Печете во загреана рерна околу 35 минути, и прелијте го колачот со чоколаден прелив и омиленото овошје.

Brz-cokoladen-kolac-so-bademovo-brasno-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg