Тост лепчиња со намаз од авокадо, јајца и сланина – совршен протеински оброк за сите кои се хранат здраво

Во потрага сте по оброк кој ќе ве засити, а сакате да биде полн со протеини и здрави масти? Го имаме вистинскиот рецепт за вас – црно лепче, со намаз од авокадо, јајце „на око“ и крцкава сланина.

Tost-lepce-so-avokado-i-jajca-01.jpg

Единечна порција содржи околу 380 калории, 26g масти, 20g протеин и 19g јаглени хидрати од кои дури 9g растителни влакна.

Потребни состојки:

  • 1 големо, зрело авокадо
  • 1 лажица сок од лимон
  • Сол и бибер по вкус
  • 4 јајца
  • 4 парчиња црн тост леб (со цели зрна)
  • 4 парчиња сланина
  • Шери домати (по желба)

Начин на подготовка:

  • Изгмечете го авокадото со помош на виљушка и додадете го сокот од лимон и сол по вкус.
  • Испржете ги јајцата на око на сосема малку масло на средно висока температура.
  • Откако ќе ги зготвите јајцата испржете ја и сланината додека не стане крцкава.
  • По желба, потпечете ги лепчињата доколку сакате крцкав вкус.
  • Врз секое од нив ставете од намазот од авокадо. Врз секое лепче ставете по едно пржено јајце и зачинете по вкус. Додадете и сланина и шери домати, по желба.
  • По желба може да додадете и повеќе зачини, како лук и кромид во прав, копар, како и други состојки како лут сос, пармезан итн.

Tost-lepce-so-avokado-i-jajca (1).jpg

Tost-lepce-so-avokado-i-jajca (5).jpg

Tost-lepce-so-avokado-i-jajca (8).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Направете сами: Крцкава пита со чоколаден крем и ф’стаци Чоколадо и ф’стак се навистина совршена комбинација. Затоа, подгответе ја оваа б...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg