Без брашно, без јајца и без печење – торта од 3 состојки, толку вкусна и здрава што ќе побарате парче репете
Всушност, не ги набројавме сите работи кои не ги содржи оваа торта – нема брашно, јајца, млеко, нема печење. Погодна за вегани, безглутенска, исклучително здрав десерт кој се прави лесно и брзо, а е извонредно вкусен.
Потребни ви се само три состојки и 10 минути за да ја направите, а ќе ја изедете за двојно помалку време.
Подгответе вкусна, здрава торта поради која нема да имате грижа на совест заради калориите.
Потребни состојки:
- 170 g високо квалитетно темно чоколадо со висок процент на какао
- 375 ml кокосово млеко со висока масленост
- 2¾ шолја (220 g) овесни снегулки
Начин на подготовка:
- Во кружен калап за торта (пречник од 18 cm) со обрач кој се вади поставете хартија за печење.
- Внимателно премачкајте го калапот со путер или масло за готвење под и врз хартијата и од страните.
- Стопете го чоколадото на пареа.
- Во мал сад загрејте го кокосовото млеко до зовривање, а потоа истурете го врз чоколадото. Оставете ја смесата околу 2 минути, а потоа почнете со мешање додека добро не се соединат.
- Додадете ги овесните снегулки и измешајте до соединување.
- Истурете ја подготвената смеса во калапот. Оставете да се олади на собна температура, а потоа префрлете ја тортата во фрижидерот најмалку 4 часа.
- Послужете со свежо овошје.
Напомена: За интензивирање на чоколадниот вкус може да додадете прстофат морска сол, како и 1 лажичка екстракт од ванила.
Оваа тортичка нема да е толку блага како десертите на коишто сте навикнале, затоа што воопшто не употребивме шеќер. Доколку сепак, сакате малку посладок рецепт, слободно додадете 1-2 лажици шеќер во смесата.
Тортата може да се чува во фрижидер до 5 дена.
За полесно готвење, погледнете го видео рецептот:
(О)Милена | Црнобело