TikTok рецепт: Чоколадни меки коцки од 2 состојки
TikTok стана новото место каде се презентираат генијалните идеи од сите области, па така на ред дојде и овој рецепт кој е за чиста 10ка.
Потребни се само 2 состојки за да добиете чиста чоколадна смеса која е повкусна од сите торти кои досега сте ги пробале.
Идеална е за обликување ситни колачиња, па може да ја разиграте креативноста со секакви додатоци.
@foodies chocolate truffles with only TWO INGREDIENTS?! genius ? ##minitutorials ##foodies ##PlantLover (via @audreysaurus )
♬ DROPPED OUTTA COLLEGE - 24KGoldn
Потребни состојки:
- 500ml кондензирано млеко
- 130g какао прав
Подготовка:
Ставете го кондензираното млеко на тивок оган. Постојано мешајте додека не се појават ситни меурчиња.
Префрлете го во длабок сад. Додавајте го какаото постепено.
Тестото на крај би требало да има средно течна текстура, како за чоколадни колачиња пред печење.
Со таа разлика што овојпат смесата ќе ја ставите на хартија за печење, во плиток сад.
Добро оладете ја смесата во фрижидер, околу 2-3 часа.
Потоа извадете ја и сечете коцки, врз кои ке претурите уште какао прав за да не се лепат.
Деталната видео постапка сигурно ќе ви биде од помош:
М. Д. | Црнобело