Совршена летна пица со моцарела, босилек и пченка
Доколку сакате да испробате нешто ново и интересно, поедноставнета верзија на пица со помалку тешки состојки за летниот период, го имаме вистинскиот рецепт за вас.
Тенко, крцкаво тесто, многу доматен сос, моцарела, босилек и пченка. Совршена комбинација, лесно и вкусно.
Потребни состојки:
- 1 готово тесто за пица (или домашно ако сте вешти)
- 3-4 лажици доматен сос
- ½ шолја свежо рендана моцарела
- Неколку шери домати пресечени на половина
- 225 g дополнителен кашкавал по желба
- Малку пченка (свежа или од конзерва)
- Сол и бибер по вкус
- Неколку свежи ливчиња босилек
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 250°C. Ставете го тестото врз хартија за печење.
Додадете го доматниот сос врз тестото. Ставете го кашкавалот и моцарелата, зачинете по желба и печете 10-12 минути додека сирењето и кашкавалот не започнат да прават меурчиња, а кората не стане златножолта.
Извадете ја пицата од рерната и веднаш додадете ги шери доматите, пченката, босилекот и сосема малку сол.
(О)Милена | Црнобело