Ручек во едно тавче – фахитас со пилешко месо, лимон и зеленчук
-->
Доколку сакате вкусен и едноставен летен ручек кој не подразбира премногу труд и време во готвењето, имаме идеален предлог.
Вкусни, крцкави тортиљи со свежи пилешко месо и зеленчук. Се подготвува во една тава, што значи дека нема да направите хаос во кујната.
-->
Потребни состојки:
- 500 g пилешки стек
- 1 црвена пиперка, ситно исечкана
- 1 зелена пиперка, ситно исечкана
- ½ црвен кромид, исечкан на тркалца
- ¼ шолја маслиново масло
- 2 лажички сол (и други зачини по желба: куркума, кумин, коријандер кари, лук во прав, оригано …)
- 1 пакување готови тортиљи
- 1 зрело авокадо
- 1 лимон (или лимета, по желба)
- Кисела павлака
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200˚С. Измешајте ги сите зачини, вклучувајќи ја и солта во помал сад.
- Во поголемо тавче обложено со хартија за печење ставете го пилешкото, зеленчуците и добро измешајте ги со маслото и зачините.
- Печете од 20-25 минути додека зеленчуците не омекнат, а пилешкото не се зарумени. Вишокот течност слободно истурете го.
- Врз месото и зеленчукот додадете сок од 1 свежо исцеден лимон или лимета.
- Во последните 3 минути од печењето ставете ги тортиљите во алуминиумска фолија, но внимавајте истата да биде отворена за да се затоплат и потпечат.
- Сервирајте го авокадо исечкано на парчиња и кисела павлака како сос.
-->
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Крофни со боровинки и прелив од лимон, се топат во уста
Овие крофни не се пржат, а остануваат меки и неколку дена (но сигурни сме дека ќ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости
Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
-->