Неодолива смрзната карамел торта која се топи во уста
-->
Совршен спој на чоколадо, млеко, путер, бисквити и сладолед од карамел – што повеќе може да побарате од еден сладок, летен рецепт?
Сепак нагласуваме дека ова е само за љубителите на многу слатки, интензивни вкусови како чоколадо и карамела. Смрзнатата тортичка се топи во устата, несомнено ќе стане вашиот нов, омилен летен рецепт.
-->
Потребни состојки:
- 400 g бисквити
- 80 g несолен путер (стопен, па оставен да се олади)
- 1 шолја (90 g) кокос
- Прстофат сол
- 1,5 l омекнат сладолед од карамел
- 400 g кондензирано, слатко млеко
- 200 g темно чоколадо
- 300 ml слатка павлака
- ¼ шолја (60 ml) сончогледово масло
Начин на подготовка:
- Премачкајте го тавчето со димензии 20×30 cm. Поставете хартија за печење која ќе излегува од рабовите на тавчето.
- Ставете ги бисквитите во блендер и фино сомелете ги. Додадете го путерот, кокосот и прстофат сол и повторно блендирајте. Истурете ја смесата во тавчето и цврсто натапкајте ја со дното од чашка.
- Истурете го омекнатиот сладолед врз првиот слој, а потоа додадете го кондензираното млеко. Измазнете ја површината со шпатула и ставете ја да се замрзне најмалку 1 час во замрзнувачот.
- Стопете го чоколадото на пареа. Додадете ја слатката павлака со постојано мешање додека добро не се соедини. На крајот додадете го сончогледово масло, но полека, додека добро не се соедини. Оставете да се олади чоколадната смеса, а потоа истурете ја врз слојот од сладолед. Оставете добро да се замрзне преку ноќ.
- Употребувајќи нож кој сте го поминале под врела вода, исечете парчиња од смрзнатата торта со сладолед од карамел.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...