Совршен летен ручек: рижото со тиквички и топен кашкавал
-->
Летото ни доаѓа, а покрај другото, тоа значи – сè помалку време во кујна и сè повеќе време поминато надвор во природа.
Доколку сте во потрага по лесен, здрав, вкусен и едноставен рецепт за кој не мора да потрошите часови покрај шпоретот, подгответе рижото со тиквички и топен кашкавал.
-->
Потребни состојки:
- 2 лажици маслиново масло
- 1 средна главица црвен кромид (или обичен)
- 1-2 тиквички
- 1 шолја басмати ориз за рижото
- 2-4 лажици рендан кашкавал (чедар или некој друг по желба)
- 4-6 лажички бело вино
- Вода или пилешки бујон
- Зачини по желба (куркума, вегета, сол, кари, бибер…)
Начин на подготовка:
- Исечкајте го ситно кромидот и пропржете го на масло додека не стане стаклест на изглед. Слободно додавајте по малку вода за да не потемни.
- Додадете ја тиквичката исечена на коцкички и продолжете со динстање. По неколку минути додадете го оризот и добро измешајте.
- Динстaјте го оризот на средна температура и додавајте по малку обична вода или пилешки бујон. Зачинете по желба.
- Важно е оризот да не „плива“ во вода, но внимавајте да не остане и сув. Потребно е постојано да додавате по малку течност и постојано да мешате.
- Пред самиот крај додадете го белото вино, повторно добро измешајте, па додадете го изренданиот кашкавал (оваа количина секако може да варира, односно по желба може да додадете и малку повеќе).
- Сервирајте додека е топло.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)
Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...