Рецепт за кнедли со јаготки - не е комплицирано како што изгледа
-->
Во сезоната на јаготки постојано сме во потрага на нови рецепти во кои ќе ги вклучиме.
Освен стандардните сокови, џемови, мармалади и сладоледи од јаготки, пробајте да направите слатки кнедли.
-->
Постапката е многу поедноставна отколку што на прв поглед ви се чини.
Потребни состојки:
- 1kg компири
- 2 јајца
- 50g путер
- Малку сол
- 400g ситно брашно
- 12-16 поголеми јагоди
- 100g мелен кокос
- Арома од малина или јагоди
- 2 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
- Компирите сварете ги добро заедно со лушпите, а откако ќе бидат сварени излупете ги и додајте им го путерот и малку сол. Направете пире и оставете го да отстои.
- Во оладеното пире додајте ги јајцата и добро измешајте. Потоа додадете го брашното и направете мазно тесто од кое ќе обликувате кнедли.
- Во секоја кнедла втиснете една јаготка.
- Загрејте вода до степен на вриење, па во неа пуштете неколку кнедли. Откако ќе испливаат на површина, варете ги 10-тина минути.
- Извадете ги и исцедете ги во голема цедалка. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите тестото.
- Во пластичен сад со капаче ставете го кокосот и додадете му неколку капки од аромата која сте ја одбрале. Затворете го садот и протресете, за аромата да се пренесе по целиот кокос.
- На крајот додадете ванилин шеќер и повторно промешајте.
- Кнедлите ставете ги во кокосот и валкајте ги. Оставете ги добро да се оладат пред послужување.
- Ако сакате, може врз нив да додадете чоколаден прелив, крем или домашен џем од јагоди.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
-->
-->