Нов хит рецепт на социјалните мрежи - мини палачинки за појадок
-->
Ништо нема да ги замени палачинките за појадок, а деновиве на социјалните мрежи се појави и нова варијанта.
Карантинот ја разбуди креативноста на сите готвачи, па на Instagram и TikTok видовме секакви идеи за готвење.
-->
А, после далгона кафето и млекото со јагоди, сега се појави и нов рецепт кој е одличен за почеток на денот, овојпат со појадок.
За овој појадок треба да направите вообичаена смеса за американски палачинки и наместо големи, направете повеќе мали палачинки, со дијаметар од околу 5-6 сантиметри.
-->
-->
Потребни состојки
- 1 шолја сенаменско брашно
- 2 лажици шеќер
- 2,5 лажички прашок за печиво
- 1/2 лажичка сол
- 1 1/4 шолја млеко
- 3 лажици растопен путер
- 1 големо јајце
- Масло
Начин на подготовка
- Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Потоа додајте ги млекото, путерот и јајцето, и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
- Смесата ставете ја во готварски шприц, шише или во пластична кеса на која ќе направите мал отвор на едниот крај.
- На тава загрејте малку масло, па истурајте малку од смесата за да добиете мали палачинки. Истото можете да го направите и со лажица.
- На крај, ставете ги малите палачинки во длабока чинија и додајте одозгора што сакате – чоколаден прелив, мелени бисквити, овошје, мед, јаворов сируп, јаткасти плодови…
https://www.instagram.com/p/B_r-4tUn013/?utm_source=ig_embed
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена)
Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус.
Еден од триков...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...