7 едноставни рецепти за здрав појадок
Ако не сте махер во кујна, не значи дека секој појадок треба да ви биде едноличен.
Постојат безброј рецепти за вистински деликатеси, за кои не ви е потребно никакво искуство со готвење.
Уште подобро е што постојат и многу здрави рецепти кои нема да ѝ наштетат на вашата фигура.
Во продолжение погледнете неколку лесни предлози за здрав појадок:
Двопек со зеленчук и сирење
Потребни состојки:
- 2 парчиња интегрален леб
- 2 лажици крем-сирење
- 4 чери домати
- 1/2 авокадо
- 1 лажица свежи зачини по желба
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
Потпечете го лебот во рерна или во тостер за двопек и намачкајте го со крем-сирење.
Во еден сад измешајте ги шери доматите пресечени на половина, исечканото авокадо и зачините. Додајте и сол и бибер.
Ставете го зеленчукот на парчињата леб и уживајте во појадокот.
Полнети јаболка
Потребни состојки:
- 2 јаболка
- 140 грама јаткасти плодови по желба
- Малку мед
- Цимет
Начин на подготовка:
Измијте ги јаболката и издлабете ги.
Исечкајте ги јаткастите плодови и додајте им цимет.
Наполнете ги јаболката со јатките и додајте мед по желба. Ставете ги јаболката во микробранова, околу 3-5 минути.
Пржени јајца во авокадо
Потребни состојки:
- 1 авокадо
- 2 јајца
- Малку кашкавал
- Свежи зачини по желба
Начин на подготовка:
Измијте го авокадото и пресечете го на половина. Отстранете ја семката и малку од средината, за да направите место за јајцето.
Во секоја половина скршете едно јајце и додајте сол, бибер и свежи зачини. На крај додајте го изренданиот кашкавал.
Печете во рерна на 180 степени, околу 10-15 минути.