7 едноставни рецепти за здрав појадок

Омлет мафини

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 50 милилитри млеко
  • 50 грама сирење
  • 100 грама брокула
  • 1 бабура
  • 1 домат
  • Зачини по желба

Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте ги јајцата и додајте сол и зачини.

Додајте ги млекото и сирењето и изматете ја смесата.

На калап за мафини ставете малку масло и ставете го исечканиот зеленчук. Врз зеленчукот додајте ја смесата од јајца.

Печете во рерна на 180 степени, околу 20-25 минути.

7-ednostavni-recepti-za-zdrav-pojadok-05.jpg

Бротчиња од тиквички

Потребни состојки:

  • 4 тиквички
  • 1 домат
  • 1 бабура
  • 1/2 главица кромид
  • 1/2 шолја пченка
  • Неколку маслинки без семки
  • 1 лажица маслиново масло
  • Малку рендан кашкавал

Начин на подготовка:

Тавата за печење премачкајте ја со масло.

Пресечете ги тиквичките на половина, отстранете ја пулпата, ставете им малку масло и наредете ги во тавата.

Во тава запржете ги кромидот, пиперката и пченката и тргнете ја тавата од оган. На смесата со зеленчук додајте ги и доматите и маслинките, посолете и добро измешајте.

Ставете ја мешавината врз тиквичките, ставете го ренданиот кашкавал и печете на 200 степени, околу 15-20 минути.

7-ednostavni-recepti-za-zdrav-pojadok-06.jpg

Двопек со авокадо и јајце

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 1 авокадо
  • 3 парчиња интегрален двопек
  • 2 домати
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

Изгмечете го авокадото и намачкајте го на двопекот.

Доматите исечете ги на кругови и ставете ги врз авокадото.

Во тава со малку масло испржете ги јајцата. Оставете ги малку да се изладат, па ставете ги врз доматите.

7-ednostavni-recepti-za-zdrav-pojadok-07.jpg

Киш со спанаќ и чедар

Потребни состојки:

  • 1/2 шолја спанаќ
  • 1 јајце
  • 1/3 шолја млеко
  • 1/3 шолја рендан чедар кашкавал
  • 1 парче сланина
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Измијте го спанаќот и добро исцедете го.

Во сад ставете ги спанаќот, јајцата, кашкавалот, млекото, солта и биберот. Можете да додадете и парче сланина.

Измешајте ја смесата со виљушка, покријте ја со хартиено шамивче и ставете ја во микробранова околу 3 минути.

7-ednostavni-recepti-za-zdrav-pojadok-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg