Рецепт во едно тавче: потпечени макарони со колбаси, кашкавал и вино
Вкусни, кремави, со многу кашкавал и дискретен вкус на вино, ова ќе стане вашиот омилен рецепт за подготовка на макарони. Најдоброто нешто – не мора да валкате еден куп садови, рецептот се подготвува во едно тавче.
Направете ги највкусните макарони за вас и вашето семејство:
Потребни состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 250 g колбас по желба (најдобро е лути колбаси, но доколку не јадете луто слободно ставете друг тип)
- 700 g готов сос од тегла (вкус по желба)
- 4 чешниња лук, ситно исечкан
- ¼ лажичка црвен пипер
- 1 лажичка оригано
- Сол, бибер
- ½ шолја рендан кашкавал
- 500 g макарони
- ½ шолја црвено вино
- ½ шолја вода
- 2 шолји рендана моцарела (или дополнителен кашкавал по избор)
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 °С.
2. Во огноотпорно тавче кое може да се стави и во рерна, ставете 1 лажица маслиново масло на средна температура.
3. Додадете го сечканиот колбас на парченца и гответе 5-7 минути додека добро не се зарумени.
4. Додадете го лукот, црвениот пипер, ориганото, сол и бибер по вкус и мешајте околу 30 секунди додека добро не се соединат вкусовите.
5. Истурете го готовиот сос, макароните, водата и виното како и ренданиот кашкавал и добро измешајте.
6. Покријте го тавчето со капак или со алуминиумска фолија доколку немате капак и печете во загреана рерна околу 45 минути.
7. Извадете го тавчето од рерната. Посипете ги макароните со преостанатиот дел од ренданиот кашкавал или моцарела (по ваша желба) и вратете го тавчето да се допече уште 5 минути без капак или фолија.
(О)Милена | Црнобело