Мезе за мерак - направете вкусни, крцкави корпи со јајца и сланина
Вистински спас за гости кои ви се појавуваат без најава на прагот, за појадок, вечера, мезе или во моментите кога имате вишок лепче и барате начин како да го искористите.
Направете вкусни, крцкави корпи полнети со јајца и сланина:
Потребни состојки:
- 6 парчиња тост леб
- 100 gr сланина
- 6 големи јајца
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180ﹾС.
2. Во калап за мафини поставете лепче во вдлабнатиот дел и добро притиснете го со прстите со цел да сe направи корпа.
3. Ставете неколку парчиња исечкана сланина.
4. Скршете ги јајцата и ставете по едно врз секое од лепчињата.
5. Зачинете со сол и бибер по вкус.
6. Печете 10-15 минути, во зависност од тоа колку сакате јајцата да бидат ровки или добро печени.
7. Во последните 5 минути додадете уште малку сланина на врвот на корпите, врз јајцето.
(О)Милена | Црнобело