Сладок рецепт кој мора да го пробате ако обожавате палачинки
Kaiserschmarrn е традиционален австриски десерт кој многу потсетува на палачинките, но сепак е нешто полесна и покрцкава верзија.
Се подготвува со рум, се карамелизира и се служи со домашни џемови.
За подготовка ви требаат максимум 20-тина минути.
Потребни состојки:
- 3 големи јајца
- 6 лажици путер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 4 лажици шеќер
- 120g брашно
- 240ml млеко
- 50g суво грозје
- 3 лажици рум
- 250g сос од јаболка или џем по избор
Подготовка:
Во мал сад помешајте го грозјето со румот. Потоа трите белки изматете ги во цврст шлаг, а трите жолчки помешајте ги со 3 лажици стопен путер, екстракт од ванила и 2 лажици шеќер.
Во смесата со жолчките додадете млеко, а потоа и брашното, па полека мешајте.
Во смесата додадете ги и изматените белки, промешајте, па на подлабоко тавче ставете 1 лажица путер и ставете го тестото.
По 3 минути додадете го исцеденото грозје од румот и печете додека палачинката не добие златесто жолта боја од долната страна.
Раздвојте ја палачинката на мали парчиња со помош на шпатула и допечете уште 4-5 минути, полека додавајќи ги двете лажици путер кој ви останаа и двете лажици шеќер.
Сервирајте во голема чинија, врз парчињата палачинка наросете шеќер во прав и сервирајте со сос од јаболка или џем по избор.
М. Д. | Црнобело