Подгответе: Вкусна зелена посна чорба со спанаќ и ориз
Студените јануарски денови се идеални за топли и вкусни оброци. Оваа чорба од спанаќ и ориз ќе ве воодушеви со едноставната подготовка и одличниот вкус.
Ако сакате посна храна, ова може да биде одличен предлог за вкусен ручек.
Состојки:
- 400 g спанаќ
- 90 g ориз
- 1 l вода
- Малку пченкарно брашно, по ваша желба и вкус
- Зачини по желба
Подготовка:
Исчистениот спанаќ треба да се исечка и свари.
Оризот варете го посебно, исцедете го, додадете го спанаќот и целата смеса истурете ја во зовриена вода. Додатете зачини и гответе уште десетина минути.
Ако сакате, можете да ја згуснете со малку пченкарно брашно.
Кога ќе ја служите чорбата посипете ја со благ или лут пипер, додадете лажичка маслиново масло, и декорирајте ја чорбата со свежи листови од босилек.
Добар апетит!
Ашера | Црнобело