Новогодишно мезе: Солени, полнети елки

Мини елкички полнети со пилешко и зеленчук – идеално мезе за новогодишните собиранки со друштво и семејство.

novogodishno-meze-burito-vo-oblik-na-mini-elkichki-01.jpg

Наместо да правите обични бурита, влезете во новогодишно расположение и бидете креативни во кујна.

Овие мини елкички се прават многу лесно, а совршено ќе се вклопат во празничната трпеза.

Потребни состојки:

  • 1 лажица масло
  • 1 кромид, сечкани на ленти
  • 2 шолји пиперки во различни бои, сечкани на ленти
  • 2 чешниња лук, ситно сечкан
  • Зачини по вкус
  • 115g доматен сос
  • Тортиљи
  • 30g брашно
  • 60ml вода
  • Маслиново масло
  • Песто за премачкување

Начин на подготовка:

Во тава загрејте го маслото и додадете го кромидот, пиперките и на крај лукот. Гответе додека не омекнат. Додадете го пилешкото, зачинот и доматниот сос. Загрејте ги сите состојки и соединете ја смесата.

Загрејте ја рерната на 180˚С. Во мал сад измешајте ги брашното и водата. Исечете ги тортиљите на пола. Намачкајте тенок слој од брашното и водата на третина од исечената тортиља. Преклопете и направете конус. Повторете со сите тортиљи.

Наполнете го секој корнет со миксот од пилешко и зеленчук и залепете го со мешавината од брашно и вода. Наредете ги на хартија за печење и премачкајте ги со масло. Печете 25 минути.

Ставете по две на стапчиња за ражничи и премачкајте со песто.

Fajita Stuffed Christmas Trees

Fajita Stuffed Christmas Trees

Posted by Twisted on Tuesday, December 12, 2017

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате. ...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Рецепт за крцкави пилешки прсти во рерна – вкусни, без тон зејтин Како да подготвите крцкави пилешки прсти за мезе, со сусам, како што ги подготву...
Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg