Вкусен чоколаден ролат во облик на гранка

На интернет ќе пронајдете илјадници рецепти за овој сладок, празничен десерт – чоколаден ролат во облик на гранка (Yule log chocolate cake). Но ние го одбравме наједноставниот и највкусниот, оној што нема „утка“ при правењето со цел да ви го олесниме готвењето.

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka-01.jpg

Овој мек, сочен, чоколаден ролат нуди неверојатни можности за декорација на која ќе се радуваат најмалечките.

По желба може да го направите и двобоен, односно да употребите бел и чоколаден крем, но доколку ја сакате поедноставната варијанта таа изгледа вака:

  • 4 големи јајца
  • 100 gr шеќер
  • 70 gr брашно
  • 40 gr како
  • 600 ml павлака за готвење
  • 300 gr темно чоколадо
  • Малку шеќер во прав

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200˚C. Премачкајте тавче за печење со димензии 33×23 cm и обложете го со хартија за печење.

2. Изматете ги јајцата и шеќерот во подлабок сад неколку минути додека смесата не стане воздушеста и бледо жолта.

3. Полека додадете го брашното и какаото и промешувајте нежно додека не се соедини со смесата. Префрлете ја во тавчето за печење и печете 8-10 минути или додека рабовите на колачот не се одделат од тавата.

4. Поставете хартија за печење на поголема површина и наросете малку шеќер во прав. Внимателно превртете го тавчето да се одвои колачот од него додека е уште топол.

5. Поставувајќи уште едно парче хартија врз него поминете го неколку пати тестото со сукало, за да малку спласне. Оставете да се олади додека го подготвувате кремот.

6. Во подлабок сад загрејте ја павлаката за готвење на средна температура. Кога ќе почнат да се формираат меурчиња тргнете ја од огнот и додадете го чоколадото. Мешајте внимателно додека добро не се соединат, а потоа оставете ја смесата да се олади.

7. Кога и тестото и кремот ќе бидат добро оладени, распоредете го кремот врз колачот и завиткајте го во ролатот. Премачкајте со уште малку крем и со виљушка направете линии кои ќе потсетуваат на гранка.

8. Доколку направите двојна доза од ролатот слободно може да ги поврзете како две или повеќе гранки. Инспирирајте се од следните фотки во однос на декорацијата на овој вкусен, чоколаден ролат:

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (12).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (11).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (10).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (9).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (8).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (7).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (6).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (5).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (4).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (3).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (2).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg