Здрав и вкусен зимски ручек - Медитеранска чорба од леќа и домати
Кога ќе пристигнат студените денови, честопати размислуваме за тоа што би можеле да готвиме, а да е топло, здраво и вкусно. Доколку уживате во вкусот на различни видови чорби и супи, тогаш овој рецепт е за вас.
Оваа медитеранска чорба е лесна за подготовка, а готова е за приближно 60 минути. Што ви е потребно за да го подготвите овој вкусен ручек, или лесна вечера?
Состојки:
- 500 g леќа по избор
- 150g целер
- 1 поголем морков
- 1 поголем кромид
- 300g сецкан домат од конзерва
- магдонос, сол, бибер
Подготовка:
Прво, измијте го и исечкајте зеленчукот. Додека го подготвувате зеленчукот, ставете вода и леќа во тенџере и варете додека леќата не омекне, околу 20 минути (доколку користите црвена леќа).
Кога леќата ќе биде готова исцедете ја и додадете го зеленчукот, освен доматите, зачините и водата. Варете ја чорбата на тивок оган, околу 40 минути.
Пред крајот на готвењето додадете ги исечканите домати, наросете ја медитеранската чорба со свежо сецкан магдонос и уживајте во вашиот здрав, топол и вкусен зимски ручек.
Добар апетит!
Ашера | Црнобело