Крцкави чоколадни топчиња што дури и најголемиот аматер може да ги направи
Откако ќе го пробате овој рецепт ќе можете да експериментирате со разни додатоци и слоеви, и да додадете повеќе ореви или трошки чоколадо. Подготовката на овие крцкави чоколадни топчиња е едноставна, што дури и оние што не готват ќе можат да ги направат.
Веруваме дека ќе уживавте во овој вкусен десерт.
Состојки:
- 150g лешници
- 250g Нутела
- 80g наполитанки
- 180g чоколадо
Подготовка:
Прво испечете ги лешниците за да го извлечете нивниот специфичен вкус. Потоа измелете ги и ситно исечкајте ги наполитанките. Земете сад во кој ќе ги измешате лешниците, сечканите наполитанки и нутелата.
Нутелата треба да е рамномерно распоредена низ целата смеса. Откако ќе завршите, ставете ја смесата во фрижидер да стои околу два часа.
Додека ја чувате смесата во фрижидер, стопете го чоколадото. Потоа извадете ја смесата од фрижидерот и започнете да формирате топчињата што ќе ги натопите во растопената чоколада, која треба малку да се излади пред тоа.
Кога ќе ги направите топчињата, тргнете ги настрана за да ги исцедите од вишокот чоколадо и повторно вратете ги во фрижидерот.
Извадете ги после еден час и уживајте во вашиот чоколаден десерт.
Ашера | Црнобело