Палачинки во рерна - готови за 20 минути и не може да не ви успеат
Палачинките се одлична идеја за појадок, ужина, десерт... и речиси секогаш. Ги сакаме во секоја слатка варијанта, со овошје или крем, зависно од сезоната и расположението.
Но, ако сакате да подготвите поголеми количини, печењето знае да биде здодевен проблем.
Затоа, ви предлагаме да пробате палачинки испечени во рерна за околу 20 минути.
Во продолжение е целосниот рецепт...
Потребни состојки:
- 3 јајца
- 3 шолји млеко
- 1-2 лажици мед
- 2 и 2/3 шолји брашно
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка сода бикарбона
- 2 лажички прашок за печиво
- Малку сол
- ¼ лажичка цимет
- 5 лажици растопен путер
- По желба може да додадете овошје, парчиња чоколадо, чоколаден чипс, кокос, јаткасти плодови
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 250 степени.
На тава со димензии 13х18cm ставете хартија за печење и премачкајте ја со путер или малку масло.
Јајцата изматете ги заедно со млекото, медот и ванилата.
Во посебен сад промешајте го брашното со прашокот за печење, содата, малку сол и циметот. На крај додадете го стопениот путер.
Измешајте ги смесите и мешајте додека не се соединат.
Во подготвената тава распоредете го тестото рамномерно, па додадете ги слатките додатоци за кои сте се решиле.
Печете 15 до 17 минути на температура од 220 степени.
Палачинките може да ги проверите така што ќе ги боцнете со чепкалка за заби, пред да ги извадите од рерна.
Оставете ги да отстојат 3 до 5 минути, па сервирајте.
М. Д. | Црнобело