Рецепт за конуси полнети со фил од моцарела и маслинки
Конуси од тесто за пица обезбедуваат бројни опции за сервирање - само желба за експериментирање е граница.
Во овие конуси (кога се ладни) можете да сервирате француска салата, совршени се и во топла форма, со стопено сирење и омилени додатоци. Може да ги пробате и во смела комбинација со чоколадо, овошки и шлаг.
Состојки:
- 10g свеж квасец
- 1/2 лажичка шеќер
- 160g сенаменско брашно
- 1/2 лажичка сол
- 2 лажици маслиново масло
- Околу 100ml топла вода
Фил:
- 150g шунка
- 150g моцарела
- 10 маслинки
- 150ml сос од домати
Подготовка:
Изматете го квасецот во малку топла вода, а потоа додадете го шеќерот и оставете ја смесата неколку минути. Додадете го брашното во квасецот, сол, масло и топлата вода.
Измешајте ја смесата и оставете го тестото да кисне околу 30 минути. Потоа поделете го тестото на мали топчиња и развлечете го со сукало. Суканото тесто исечете го на 4 еднакви делови.
Од потенок картон формирајте конус што ќе го обвиткате со алуминиумска фолија, врз кој потоа ќе го обвиткате тестото за да ги добиете формите. Печете ги конусите 15 минути на 180°C и извадете ја фолијата.
Кога малку ќе се изладат, премачкајте ја внатрешноста со сос од домати и додадете рендана моцарела, исечена шунка и сецкани маслинки и печете кратко.
Добар апетит!
Ашера | Црнобело