Чизкејк чоколадни бомбици што се прават за 10 минути
Ви се јаде нешто чоколадно, здраво, со текстура слична на чизкејк? Нема проблем. Имаме совршен рецепт за кој ќе ви требаат само три состојки и само 10 минути од вашето време.
Кога ќе ги јадете, ќе се чувствувате како да јадете чизкејк со путер од кикиритки, а всушност ќе јадете здрава закуска. Покрај тоа што можат да се јадат како здрава закуска, овие бомбици се одлични како лесен оброк после тренингот.
Ќе ве заситат и нема да имате желба да јадете повеќе отколку што треба.
Состојки:
- 120g крем сирење
- ¼ чаша путер од кикиритки
- 2 лажици мед (јаворов сируп или друг засладувач по желба)
- ½ чаша трошки темно чоколадо (по желба)
Подготовка:
Пред да ги подготвите бомбиците, оставете ги сите состојки неколку минути на собна температура за да омекнат. Ставете ги состојките во сад и промешајте со лажица, додека не се формира компактна смеса.
Обликувајте ги топчињата со дланките и по желба додадете чоколадни трошки. Наредете ги топчињата на чинија за сервирање и оставете ги во фрижидер два часа, додека не станат цврсти. Можете да ги чувате во фрижидер во херметички затворен сад.
Добар апетит!
Ашера | Црнобело