Полнети, печени јаболка со ореви и цимет – слаткиот вкус на есента
За оние кои уживаат во десерти, малку работи може да им се приближат на тортите кои ги сметаме за „светиот грал“ на слатките нешта.
Но, овој сладок, есенски рецепт целосно ќе ги освои вашите непца, бидејќи има вкус на пита, торта и колаче истовремено.
Прочитајте како се подготвува и направете го уште денеска:
Потребни состојки:
- 3/4 шолја овесни снегулки
- 3/4 шолја брашно
- 2/3 шолја кафеав шеќер
- 1 лажичка цимет
- Прстофат сол
- 150 gr путер
- 4 големи јаболка
- 200 gr ореви (или лешници/бадеми, по желба)
- 4 лажички мед
Начин на подготовка:
1. Во подлабок сад помешајте ги сите суви состојки заедно со омекнатиот путер исечкан на парчиња. Најдобро е да ја измешате смесата со прстите и ставете ја во фрижидер додека ги подготвувате јаболката.
2. Издлабете ги јаболката и доколку е потребно потсечете го дното со цел да стојат исправено. Извадете ја срцевината од јаболката и поставете ги на хартија за печење.
3. Во секое јаболко ставете по една лажичка мед исполнувајќи ја целала внатрешност, а потоа наполнете ги со смесата.
4. Печете во загреана рерна на 180˚С околу 40 минути или додека јаболката не се заруменат, односно не станат кафеави и меки. Откако ќе се испечат, оставете да се оладат 10 минути и послужете
5. По желба може да додадете уште малку грубо исечкани ореви (бадеми/лешници) па дури и шлаг брз јаболката.
(О)Милена | Црнобело