Здрави намази за појадок за енергичен почеток на денот
Ако немате идеја што да јадете за појадок и сакате вашиот прв оброк во денот да биде вкусен и здрав, го имаме решението за вас! Имено, сè уште можете да уживате во традиционалниот појадок на многу поздрав начин.
Овие здрави намази се совршени за секој ден. Тие, исто така, имаат малку калории и се екстремно богати со хранливи материи.
Намаз од сирење и пиперки
Состојки:
- 10 црвени пиперки
- 500 гр сирење
- 3 компири
- 1 чаша кисела павлака
- 3 варени јајца
- Сол, бибер
Подготовка:
Пиперките треба да ги печете и излупите, потоа да ги мелете и пржите 10 минути во малку масло. Додадете го компирот, што претходно ќе го сварите, во пиперките и оставете ја смесата да се излади.
Додадете рендано сирење и варени јајца, исечени на коцки, сол и бибер и мешајте. На крај додадете павлака.
Намаз од соја
Состојки:
- 1 чаша варена соја
- 100 гр мелен сончоглед, семки од тиква или сусам
- 1 чешне лук
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лист свеж босилек
- пола чаша сос од домати
- сол
Подготовка:
Сварете ја сојата, потоа во блендер ставете ги сите состојки и мешајте.
Ашера | Црнобело