Чоколадно семифредо со лешници и малини - неодоливо слатко задоволство

Дали сте пробале чоколадно семифредо досега? Потсетува на пудинг и сладолед во едно, а кога ќе додадете лешници и малини добивате неверојатно слатко задоволство.

Cokoladno-semifredo-so-malini-i-leshnici-01.jpg

Внимателно следете ги чекорите од рецептот и ќе добиете врвно гастрономско уживање, десерт кој сите добро ќе го запаметат:

Потребни состојки:

  • 600 ml слатка павлака
  • 200 gr квалитетно црно чоколадо
  • 3 жолчки
  • 1 јајце
  • 155 gr шеќер
  • 75 gr лешници, грубо исечкан
  • 150 gr малини (и уште малку за сервирање)
  • 50 gr млечно чоколадо за прелив

Начин на подготовка:

1. Обложете го садот (со димензии 8×23 cm) со проѕирна фолија од внатрешната страна опфаќајќи ги целосно и краевите (фолијата слободно нека излегува од нив).

2. На ниска температура помешајте ја павлаката со темното чоколадо околу 5 минути додека истото не се стопи и смесата не стане мазна. Тргнете ја 15 минути на страна, а потоа уште 30 минути во фрижидерот да се олади.

3. Со миксер изматете ги трите жолчки, јајцето и шеќерот околу 2 минути додека смесата не стане пенеста. Продолжете да ја готвите на пареа околу 8 минути додека кремот не стане густ и блед. Тргнете го од пареата и продолжете со матење уште 2 минути или додека не се олади.

4. Внимателно додадете ја чоколадната смеса во кремот од јајца и шеќер. Додадете ги и лешниците и малините и промешајте. Истурете ја подготвената смеса во претходно обложеното тавче со пластична фолија и ставете го во замрзнувач околу 6 часа.

5. По 6 часа извадете го чоколадното семифредо од замрзнувач и поставете го на чинија. Декорирајте со стопено млечно чоколади и малини.

Cokoladno-semifredo-so-malini-i-leshnici-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се п...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg