Здрав ручек: Кремасто пилешко со лук и шарена салата со 3 вида мешунки

Дали сте расположени за здрав оброк кој се подготвува брзо и лесно? Речиси и не постои човек кој не сака пилешко месо, а ова се подготвува во кремаст сос со кралот на антиоксидантите – лукот.

Kremasto-pileshko-so-luk-i-sharena-salata-01.jpg

Во комбинација со здрава и шарена, вкусна салата од 3 вида мешунки дефинитивно ќе се покажете како врвни готвачи на домашна храна:

Потребни состојки (за пилешкото со лук):

  • 2 големи парчиња пилешки гради исечени по должина на половина
  • Малку брашно
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици путер
  • 1 главица исчистен лук
  • 1 пилешка коцка за супа стопена во шолја врела вода
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 шолја (околу 250-300 ml) павлака за готвење
  • Сол и бибер по вкус (по желба се додава и свеж магдонос)

Начин на подготовка:

1. Парчињата пилешко зачинете ги со сол и бибер и добро извалкајте ги во брашно.

2. Стопете 1 лажица путер со 1 лажица маслиново масло во тава за пржење на средна температура. Гответе ги парчињата пилешко од секоја страна 4-5 минути или додека не добијат убава, златна боја. Кога пилешкото ќе се испржи, извадете го од тавата и тргнете го на страна.

3. Намалете ја малку температурата и додадете го останатиот дел од путерот, односно уште 1 лажица. Оставете да се стопи, а потоа додадете ги исчистените лукчиња. Промешувајте и оставете да се готват 3-4 минути или додека не станат малку кафеави однадвор.

4. Додадете ја течноста со пилешката коцка и сокот од лимон и оставете ја течноста да врие околу 4 минути или додека малку не се згусти.

5. На крајот додадете ја павлаката за готвење, а во неа и пилешкото месо. Гответе уште 5 минути или додека сосот убаво не се згусне. Додадете свежо исечкан магдонос по желба.

Kremasto-pileshko-so-luk-i-sharena-salata (1).jpg

Kremasto-pileshko-so-luk-i-sharena-salata (2).jpg

Потребни состојки (за шарената салата):

  • 350 g свежа боранија (зготвена на пареа)
  • 1 конзерва црвен грав (измиен со вода и прецеден)
  • 1 конзерва ситен, бел грав или наут (измиен и прецеден)
  • Свежо сечкан магдонос (по желба може да додадете и свеж босилек)
  • Сол и бибер

За преливот:

  • 1/2 лажичка сенф
  • 1/2 лажичка мед
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 чешне лук, ситно исечкано

Начин на подготовка:

1. Во подлабок сад помешајте ги трите вида на мешунки: свежо зготвената боранија, двата типа грав или наутот, по желба.

2. Во помал сад измешајте ги сите наведени состојки за преливот. Прелијте ја салатата и зачинете со сол и бибер. Додадете свеж магдонос и босилек по желба.

Kremasto-pileshko-so-luk-i-sharena-salata (3).jpg

Kremasto-pileshko-so-luk-i-sharena-salata (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg