Домашни интегрални стапчиња - здрави грицки за помалку од половина час

Кога нешто ви се грицка по дома, а избегнувате брза храна - еве еден предлог за здрава ужина.

Domashni integralni stapchinja zdravi gricki za pomalku od polovina chas 01

Погодни за ужина, за на работа или за неочекувани гости - овие грицки се вкусен и здрав додаток без опасност од вишок килограми.

Подготовката нема да ви одземе повеќе од 30 минути, а основниот рецепт може да го модифицирате според сопствен вкус!

Од оваа количина ќе направите околу 50 стапчиња или топчиња.

Потребни состојки:

  • 250 g интегрално брашно
  • 250 g бело брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 200 ml газирана вода или пиво
  • 1/4 шолја масло
  • 100 g лупен сончоглед
  • 100 g ленено семе
  • 50 g ким
  • 100 g сусам
  • сол по вкус

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки освен сусамот во длабок сад и замесете тесто. Доколку е тестото лепливо, додадете брашно по потреба, сè додека не се создаде хомогена смеса.

Од тестото почнете да одвојувате делови кои може да ги замесите во форма на топчиња или стапчиња. Наредете ги на плех претходно обложен со хартија за печење и посипете ги со сусам.

Се печат во претходно загреана рерна на 180°С до 20 минути.

Овој рецепт може да го модифицирате со разни додатоци - семки од тиква, рузмарин, крупна морска сол, урда итн. Добар апетит!

А. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg