Брз ручек: „Лажни“ лазањи со компир
За време на викендите кога сакате да одморите и да не се заглавувате со часови во кујната, потребни ви се едноставни и брзи, но вкусни рецепти.
Овој е токму таков – компир, сос од мелено месо и моцарела. Конечниот резултат е оброк од кој ќе ви закркори стомакот по уште едно парче репете.
Што ви е потребно?
- 6 компири со средна големина
- 2 лажици масло
- 1 лажица сол
- 4 парчиња моцарела (или кашкавал по желба) исечен на мали тенки квадратчиња
- 2 шолји готов сос за лазањи
- 1 шолја бешамел сос
- 6 парчиња моцарела
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 °C
2. Направете паралелни засеци на компирот. Може да искористите две дрвени лажици меѓу кои ќе го центрирате компирот за да не го засечете премногу длабоко.
3. Ставете ги компирите на намрсено тавче за печење. Премачкајте ги со маслиново масло и посолете. Печете ги од 45 минути до 1 час додека компирите не се „расцветаат“.
4. Врз секој од печените компири истурете од сосот за лазањи. Истурете го и бешамел сосот и додадете парче моцарела врз секој од компирите.
5. Печете уште 30 минути или додека добро не се заруменат и сервирајте со свежа салата.
За визуелна инспирација задолжително погледнете го видеото:
(О)Милена | Црнобело