Домашна пица со полнета крцкава кора каква што не сте пробале досега

Ретки се оние кои не сакаат пица и мора да се согласиме дека има нешто многу привлечно во домашно подготвената пица.

Domasna-pica-so-krckava-polneta-kora-01.jpg

Дури и да не сте некој експерт во кујната, овој рецепт е едноставен за следење, а премногу вкусен за да го пропуштите.

Ова е сè што ви е потребно за подготовка:

  • 1 шолја топла вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1 ќесичка сув квасец
  • 3 шолји брашно
  • 1 лажичка сол
  • 3 шолји рендано моцарела сирење (или кашкавал по ваша желба)
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер по вкус
  • Кашкавал по желба исечен на тенки долгнавести парчиња
  • Доматен сос
  • Сувомеснато по желба (кулен, свински врат, шунка)

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 230˚С. Во подлабок сад, замесете го тестото. Прво, додадете ја топлата вода, шеќерот и квасецот. Оставете го квасецот да стаса од 5 до 15 минути на топло место, додека не се појават меурчиња на површината.

Истото може да го сторите и со половина коцка свеж квасец кој ситно сте го здробиле пред да го ставите во водата.

Додадете го брашното и солта. Мешајте со рака, дрвена лажица или маталките од миксерот за тесто (онака како што ви е најлесно), додека не формирате меко тесто.

Покријте го со крпа и оставете го на топло место да стаса околу 1 час, или додека не ја удвои својата големина.

Префрлете го тестото на набрашнета површина и поделете го на половина. Секоја од нив растегнете ја со помош на сукало. Големината треба да биде малку поголема од тавчето за печење, чии димензии од прилика се 23×33 cm.

Премачкајте го тавчето за печење со путер или масло и ставете ја првата тенко исукана кора тесто. Посипете малку рендана моцарела, а потоа ставете го и вториот слој тесто.

На начин како што е јасно прикажан во видеото, ставете ги долгнавестите парчиња кашкавал по краевите, а потоа внимателно затворете, образувајќи кора и нежно притискајќи со виљушка.

Премачкајте го тестото со маслиново масло и зачинете со сол и бибер по вкус. Печете го тестото околу 20 минути или додека површината не стане златножолта и крцкава.

Извадете ја пицата, намачкајте доматен сос на горната површина и додадете го остатокот од ренданиот кашкавал и сувомеснатото по избор.

Допечете ја пицата уште 10-15 минути или додека кашкавалот не се стопи и убаво не порумени. Префрлете ја пицата на даска за сечење, исечете ја и дегустирајте додека е топла.

Добар апетит!

Double-Stuffed Sheet-Pan Pizza

This homemade pizza takes cheese-stuffed crust to the NEXT LEVEL! 🍕 Watch the full episode of Night In/Night Out for more pizza goodness: http://bit.ly/2kfsmr7

Posted by Tasty on Monday, December 18, 2017
" data-width="630" data-show-text="false">
Double-Stuffed Sheet-Pan Pizza

This homemade pizza takes cheese-stuffed crust to the NEXT LEVEL! ? Watch the full episode of Night In/Night Out for more pizza goodness: http://bit.ly/2kfsmr7

Posted by Tasty on Monday, December 18, 2017

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg