Кокос бајадера, готова за 20 минути

Нема кој не е слаб на егзотичниот вкус на кокосот, посебно кога е помешан во колачи и торти.

kokos-bajadera-gotova-za-20-minuti-1.jpg

Ова е еден од оние стари рецепти кои се пренесуваат од колено на колено и лесно може да го послужите кога ви треба нешто за на брзина.

Не се пече, треба само добро да се излади. Се подготвува 20 минути, а се јаде двојно побрзо.

Потребни состојки:

  • 150ml кокосово млеко (може и обично)
  • 170g шеќер
  • Ванила
  • 250g путер
  • 200g кокосово брашно
  • 400g млеко во прав
  • Желе бонбони (количина по желба)
  • 2 листа обланди

Подготовка:

Млекото, путерот и шеќерот стоплете ги на рингла и мешајте додека го додавате млекото во прав и кокосот.

Желе бонбоните исечкајте ги на мали коцки и измешајте ги во смесата.

Може да додадете и коцки чоколадо наместо желе бонбони, само внимавајте смесата да биде целосно оладена за да не се растопат.

Филот распоредете го на еден лист од обланда, а со вториот покријте го.

Замотајте во пластична фолија или ставете во тава и изладете неколку часа.

kokos-bajadera-gotova-za-20-minuti-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg