Летен десерт: Лубеница од сладолед

Периодот од годината во кој сме опседнати со лубениците конечно ни пристигна.

leten-desert-lubenica-od-sladoled-01.jpg

Сочни, слатки и освежителни, нема некој кој не ги обожава.

Но, што ако ви откриеме како да си направите лубеница од сладолед? Уживањето двојно се зголемува.

Ви требаат само 3 сладоледи и половина ситно кршено чоколадо.

  • Црвен сладолед – од шумско овошје, јагоди...
  • Зелен сладолед – од ф’стак, лимета...
  • Бел сладолед – од ванила
  • Кршено црно чоколадо.

Постапката е следнава:

Омекнете го црвениот сладолед и во еден поголем сад измешајте го со кршеното црно чоколадо.

Земете овален стаклен сад и покријте го со проѕирна фолија. Истурете го зелениот сладолед и добро измазнете, лепејќи го по целиот сад. Слојот би требало да е дебел 2-3 сантиметри.

Замрзнете додека не се зацврсти повторно.

Постапката повторете ја и со белиот сладолед. Замрзнете.

Црвениот сладолед со кршени парчиња чоколадо ставете го на крај. Со него треба да го дополните целиот сад до врв. Покријте со пластична фолија и смрзнете 8 часа.

Пред послужување само превртете го садот на рамна површина, отстранете ја фолијата и сечете подебели парчиња.

leten-desert-lubenica-od-sladoled-1.jpg

leten-desert-lubenica-od-sladoled-2.jpg

За олесување на постапката, изгледајте го видеото:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Кремаста торта со ф’стак и чоколадо - совршен есенски десерт Доволен е еден залак од овој кремаст десерт да се заљубите во вкусот кој е комби...
Печени јаболки во лиснато тесто, полнети со ореви Кога ќе споите јаболки, цимет и ореви, добивате совршен есенски вкус и мирис. ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Највкусната пица со тесто од карфиол: Рецепт кој ќе ви помогне во слабеењето Ако сакате пица, со овој рецепт можете да уживате во омилениот вкус без да чувст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg