Рецепти за палачинки на 7 начини
Кога не сакаме да месиме и да печеме торти, а очајно ни е потребно благо, најлесно е да направиме палачинки.
Стариот добар рецепт речиси сите го имаат и успешно го применуваат.
Но, понекогаш добро е да видиме и некои други рецепти и да избегаме од традиционалното.
Погледнете ги овие 7 рецепти за палачинки кои се подготвуваат низ светот и изненадете ги најблиските со нешто старо, но на нов начин.
Одберете кој рецепт најмногу ви се допаѓа, па погледнете го видеото на крај, за да ви стане јасен и начинот на подготовка за секој вид палачинки посебно.
Француски палачинки - Crepes
Потребни состојки:
- 1 шолја брашно
- ¾ шолја вода
- ½ шолја млеко
- 2 лажици путер, стопен
- 2 јајца
- Банана на парчиња
- Јагода на парчиња
Солени палачинки на индиски начин
Потребни состојки:
- 1 чаша сомелина брашно (или смелен гриз)
- ¼ чаша јогурт
- 1 лажичка сол
- 1 чаша вода
- ½ чаша пиперка, ситно сечкана
- 1 домат, ситно сечкан
- Пола кромид, ситно сечкан
- 2 чили пиперчиња, ситно сечкани
- ¼ чаша коријандер, ситно сечкан
- 1 лажичка ѓумбир, рендан
- 1 лажичка масло, плус за готвење
- Сос за сервирање
Холандски палачинки
Потребни состојки:
- ¾ шолја брашно
- ¾ чаша топло млеко
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка морско оревче
- 3 јајца
- 4 лажици путер
- Сервирање по желба
Палачинки по кинески рецепт - Cong You Bing
Потребни состојки:
- 2 шолји брашно
- Прстофат сол
- ¾ шолја топла вода
- 3 лажици ладна вода
- 3 лажици масло, плус за готвење
- 1 лажица сол
- 1 шолја млад кромид, сечкан
- Соја сос, за сервирање
Солени палачинки од Венецуела - Cachapas
Потребни состојки:
- 2 шолји пченка
- 1 лажица сол
- 2 лажици шеќер
- ¼ шолја пченкарно брашно
- ¼ шолја млеко
- 170 g рендано моцарела сирење (по 1 лажица за секоја палачинка)
- Салца, за сервирање
Меки јапонски палачинки
Потребни состојки:
- 2 жолчки од јајца
- ¼ шолја шеќер
- ½ шолја млеко
- ¾ чаша мешавина за палачинки
- 4 белки од јајца
- Путер, за сервирање
- Сируп, за сервирање
- Бобинки, за сервирање
Американски/Канадски палачинки
Потребни состојки:
- 2 шолји брашно
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица прашок за пециво
- 1 лажица сол
- 2 шолји матеница
- 4 лажици путер, стопен
- 2 јајца
- Путер или масло за готвење
- Јаворов сируп, за сервирање
Погледнете го видеото со начинот на подготовка за сите 7 видови палачинки:
7 Pancakes from Around the WorldHere's 7 pancakes from around the world 🥞 🌏! Which would you eat? FULL RECIPES: http://bzfd.it/2ro9zzl
Posted by Tasty on Tuesday, June 13, 2017
М. М. | Црнобело