10 сосови за тапас кои се прават брзо и лесно

Ако сакате да додадете посебен шмек на обичниот рецепт, ефектот најлесно ќе го постигнете со сочен сос.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-001.jpg

Сосовите додаваат побогат вкус на било кое јадење, па затоа е клучно да знаете да спремите барем неколку.

Ние ви нудиме 10 предлози, вие одберете го омилениот:

Доматен сос

Загрејте 2 лажички маслиново масло во големо тавче. Ставете 1 исечкан кромид и 3 чешниња изгмечен лук. Пржете 7-8 минути. Додајте 1 лажичка оригано, 800g исечкани домати од конзерва, 2 лажици паста од домати и 1 лажичка шеќер. Варете 20 минути. Потоа додадете уште 4 домати, претходно излупени и исчистени о семките. Финиширајте со сол и бибер.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-1.jpg

Шпанска салца

Во блендер ставете 15 шери домати, 1 чешне лук, 1 гранче копар и млад кромид. Додадете 1 лажичка балсамико и 1 лажица доматно пире и малку маслиново масло. Посолете и зачинете по вкус.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-2.jpg

Песто

Во блендер испасирајте 50g босилек, 2 чешниња лук, 50g пармезан, 3 лажици пињоли, 100ml маслиново масло и сол.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-3.jpg

Слатко-кисел сос за кинески рецепти

Измешајте 1,5 лажичка шеќер со 2 лажички оцет, 1 лажица доматно пире, 1 лажица соја сос и 3 лажици сок од портокал. Посебно измешајте 1 лажичка пченкарно брашно со 4 лажички вода и додадете ја смесата во другата мешавина. Ставете го сосот на рингла и мешајте додека не зоврие. Послужете го сосот топол.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-4.jpg

Италијански дресинг

Во едно шише ставете 2,5 лажички маслиново масло, 1,5 лажичка балсамико, половина чешне лук, изгмечено и ¼ лажичка сол и бибер. Затворете го шишето и протресете.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-5.jpg

Скара сос

Истопете 50g путер и додадете 1 исечкан кромид. Пржете 4-5 минути. Додадете 200ml кечап, третина шолја вода, 50g мед, 2 лажици сок од лимон и ¼ лажичка бибер. Варете 10 минути во непокриен сад и послужете со месо.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-6.jpg

Млечен Бешамел сос

Ставете 1 лажица масло во тава и додадете 1 лажица брашно. Внимателно додадете 1,5 шолја млеко. Варете 10-12 минути и додадете сол и зачини по желба.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-7.jpg

Цезар сос

Изматете 1 лажица сенф со 1 жолчка и малку сол. Додадете неколку капки маслиново масло во 150ml мајонез. Додадете 1 лажица лимонов сок, 1 лажичка бибер, 2 чешниња изгмечен лук, 50g пармезан и мешајте додека не добиете кремаста смеса.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-8.jpg

Ѕаѕики

Измешајте 125ml неутрална павлака со 2 ситно сечкани чешниња лук, 1 изрендана краставица, 1 лажица маслиново масло и сок од лимон. Додадете ситно сечкан копар и посолете по желба.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-9.jpg

Сос од крем сирење

Измешајте 200g крем сирење со 10ml масло и 200ml неутрална хопла. Варете додека не зоврие и задолжително мешајте. Откако ќе зоврие смесата, додадете зачини по желба. На крај додадете 50g рендан кашкавал.

10-domasni-sosovi-koi-se-pravat-brzo-i-lesno-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg