Викенд мезе: Крцкави хот-дог спирали
Зошто да јадете обичен хот-дог кога постои начин дури и од ова, навидум едноставно јадење да направите нешто посебно.
Следниот рецепт ќе ви покаже како правењето хот-дог на го однесете на едно сосема ново ниво.
И да, на крајот вашиот хот-дог навистина ќе претставува вистинско торнадо од вкусови.
Потребни состојки:
- 4 виршли
- 100gr смеса за палачинки
- 2 лажици вода
- масло
Подготовка:
1. Ставете ја виршлата на стапче за ражнич и исечете ја во форма на спирала.
2. Подготвте ја смесата од вода и смеса за палачинки и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
3. Тестото поделете го на 8 еднакви дела. Од секое делче направете лента долга околу 10cm.
4. Извиткајте ја лентата спирално низ пресечената виршла.
5. Пржете 2-3 минути на загреано масло. Послужете со кечап и сенф.
На здравје!
М. С. | Црнобело