Домашен тарт со свежи праски

Летото ни носи радости во многу облици, а една од нив се праските. Сочни и вкусни, веројатно сите имаме залиха на праски во фрижидерот, а зошто не би го сакале овошјето кое нè освежува и содржи само 60 калории.

neodoliv-tart-so-praski-0001.jpg

За овој рецепт ќе ви бидат потребни 5 состојки и само 30 минути, а резултатот е фантастичен тарт со праски, кој одлично оди во комбинација со кафе или чај.

Не треба да сте професионалец во кујната, бидејќи рецептот е едноставен, само треба да имате желба.

Neodoliv-tart-so-praski-02.jpg

Потребни состојки:

  • 1 готово лиснато тесто
  • 3 големи праски
  • 1 јајце
  • Шеќер во прав
  • 1 лажица лимонов сок

Neodoliv-tart-so-praski-04.jpg

 Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 220 степени.

2. Исечкајте ги праските и измешајте ги со сокот од лимон во мал сад.

3. Ставете го лиснатото врз хартија за печење. Полека и нежно направете рабови на тестото како за пица, на оддалеченост од околу 2,5 cm од краевите навнатре, но внимавајте да не го исечето тестото. Поминете ја целата внатрешност на лиснатото со врвот на виљушката со нежно притискање.

4. Изматете го јајцето со две мали лажички вода. Нанесете ја смесата на краевите од лиснатото тесто.

5. Печете во загреана рерна, од 15-17 минути или додека тартот не добие златна боја.

6. Откако ќе се олади, наросете шеќер во прав и дегустирајте.

Neodoliv-tart-so-praski-06.jpg

(О)Mилена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg